Thursday, September 9, 2021





Тестовите за безбедност и ефикасност ќе бидат објавени за 55 години, а од нас се бара, под закана од лишување од основните човекови права, веднаш да го консумираме производот.
Дали навистина мислиш дека овој начин на владеење има врска со кoроната и дека нешто ќе промени ако се вакцинираш?

У земјава има власт и опозиција. Едните се као власт, другите као глумат опозиција. Заедничко им е само тоа што имаат ист газда.
И заедничко им е уште и тоа, што сложно работат против својот народ.



Тоа што лично не се согласувам со официјалните политики на властите, леви или десни, по дифолт не значи дека не си ја сакам земјата. Никако. Едноставно е. Никој не ги сака ајдуците кои се намножија изминативе години, сем оние кои имаат некаков бенефит.

09.09.2021


Tuesday, December 5, 2017




"С у р и о т" 4ти дел
 Прв пат му се причини дека тоа беше  Лајко кучето на Дончо , но кога погледна малку подобро , виде 
дека е волк! Суриот , си помисли секавично , го грабна карабинот и нанишани . Иако беше близу , ја впери пушката во животното , и во моментот кога сакаше да  пукне , забележа тенка црвена линија која се влечкаше по волкот . Крвареше . Минатиот ден ловците беа организирале хајка , и најверојатно бил ранет тогаш . Но , си помисли Блажо , обично кога се ранети бегаат во некое дувло и тука чекаат . Излезе од колипката со вперен карабин , волкот го погледна со само на волците својствен поглед , во исто време и див и горд , се затетерави и падна .  Го гледаше со чуден поглед како да сакаше нешто да му каже , но , беше доцна . Блажо се почеша по тилот , го запали лулето , и кога се увери дека животното не дава знаци на живот , тргна по тенката црвена линија накај осоето . Што подлабоко навлегуваше во честакот и снегот беше подлабок и потешко одеше . Капките крв го доведоа во близина на селскиот поток , кај старата напуштена воденица , близу карпите . Под една од големите камени блокови , имаше влез низ кој можеше човек да влезе . Го запали фењерот на газија и со откочена пушка влезе внатре . На неколку метри од влезот , лежеше друг застрелан волк , а околу него си играа пет мали волчиња .  Тоа беше мажјакот , кој исто така беше искрварил , а волчицата која ја сретна Блажо кај чеката беше мајката . Откако се увери дека нема други волци , Блажо полека излезе од дувлото и се упати накај селото .  Му раскажа на Пецета што се случило и со другите селани се вратија и ги уловија малите волчиња кои после роднината на Пецета , Сотир ги однесе во зоолошката градина во Скопје . Чудно беше , што дувлото на волците беше блиску до селото . Но никој жив не се  сеќаваше дека ги видел тука . Напаѓаа кога селаните ке ја тераа стоката преку потокот , или длабоко во осоето . Природата ги беше надарила волците со инсинкт за преживување  , но и двата волка беа затрелани , а никој да не знаеше за тоа . Велат дека дел од потомцте на суриот , кој уствари беше женка , биле продадени на зоо-градината во Белград и уште живеат таму . Остана само прикаската за Суриот , со кој бабите и дедовците ги плашеа своите внуци , кога беа немирни , или кога им раскажуваа  сказни покрај огништето додека тивко пуцкаше огинчето во огништата во старите куќи во селото под селското училиште .
( Крај )
05.12.2017
М.Младеновски

Friday, December 5, 2014

        Koга малку подобро размислиш , и шкАРТот е АРТ.
                                                                                                                    

                                     


Total Pageviews