"С у р и о т" 4ти дел
Прв пат му се причини дека тоа беше Лајко кучето на Дончо , но кога погледна малку подобро , виде
дека е волк! Суриот , си помисли секавично , го грабна карабинот и нанишани . Иако беше близу , ја впери пушката во животното , и во моментот кога сакаше да пукне , забележа тенка црвена линија која се влечкаше по волкот . Крвареше . Минатиот ден ловците беа организирале хајка , и најверојатно бил ранет тогаш . Но , си помисли Блажо , обично кога се ранети бегаат во некое дувло и тука чекаат . Излезе од колипката со вперен карабин , волкот го погледна со само на волците својствен поглед , во исто време и див и горд , се затетерави и падна . Го гледаше со чуден поглед како да сакаше нешто да му каже , но , беше доцна . Блажо се почеша по тилот , го запали лулето , и кога се увери дека животното не дава знаци на живот , тргна по тенката црвена линија накај осоето . Што подлабоко навлегуваше во честакот и снегот беше подлабок и потешко одеше . Капките крв го доведоа во близина на селскиот поток , кај старата напуштена воденица , близу карпите . Под една од големите камени блокови , имаше влез низ кој можеше човек да влезе . Го запали фењерот на газија и со откочена пушка влезе внатре . На неколку метри од влезот , лежеше друг застрелан волк , а околу него си играа пет мали волчиња . Тоа беше мажјакот , кој исто така беше искрварил , а волчицата која ја сретна Блажо кај чеката беше мајката . Откако се увери дека нема други волци , Блажо полека излезе од дувлото и се упати накај селото . Му раскажа на Пецета што се случило и со другите селани се вратија и ги уловија малите волчиња кои после роднината на Пецета , Сотир ги однесе во зоолошката градина во Скопје . Чудно беше , што дувлото на волците беше блиску до селото . Но никој жив не се сеќаваше дека ги видел тука . Напаѓаа кога селаните ке ја тераа стоката преку потокот , или длабоко во осоето . Природата ги беше надарила волците со инсинкт за преживување , но и двата волка беа затрелани , а никој да не знаеше за тоа . Велат дека дел од потомцте на суриот , кој уствари беше женка , биле продадени на зоо-градината во Белград и уште живеат таму . Остана само прикаската за Суриот , со кој бабите и дедовците ги плашеа своите внуци , кога беа немирни , или кога им раскажуваа сказни покрај огништето додека тивко пуцкаше огинчето во огништата во старите куќи во селото под селското училиште .
( Крај )
05.12.2017
М.Младеновски
